ЗА НАС
"Ние не даваме сертификати, ние даваме знаење"
Започнавме со работа во 2013 година со само еден кандидат а сега покрај Македонија сме активни и во две други европски земји со понуда за изучување на повеќе од 4 странски јазици.
Заинтересираните кандидати може да изберат настава во живо или пак online настава која што е се повеќе популарна поради можноста за изучување од дома, од кое било место на светот. Брзото темпо на живот ја прави online науката поатрактивна особено кај младите генерации, но со развојот на технологијата таа е достапна за секого.
Нашето мото е „Ние не даваме сертификати – ние даваме знаење!! Нашата програма е адаптирана за секого а нашите научни методи гарантираат успех. Нашата програма е флексибилна и може да се прилагоди на барањата на кандидатот.
За да се совлада еден јазик потребен е слух, говор, вокабулар, граматика и вежби. Дали постои таква програма која го содржи сето тоа? Да, тоа е нашата програма. Секој час започнува со вежби, преку разни видеа го вежбаме слухот а за говор имаме специјални теми на кои се разговара како и многу текстови. Нашата цел е да ги научиме нашите кандидати правилно да зборуваат затоа во секоја лекција е вклучена граматика. За зголемување на фондот на вокабулар во секоја лекција имаме наменето време за изучување на нови зборови, строго поврзани со одредена тема но и важни зборови и фрази кои се употребуваат во секојдневниот живот.
Ако се ова звучи интересно тогаш обратете се до нас и започнете го вашето патување со нас. Заедно до остварување на вашата цел.
Можност да заработиш со нас
Препорачајте ги нашите курсеви и добијте 5 % од целиот курс. Доволно е само кандидатот кој што ќе го изучува курсот да го каже вашето име и телефонски број а потоа ние ќе ве контактираме.